Рускиот претседател, Владимир Путин, во разговор објавен во четвртокот рече дека либералните вредности се надвладеани, бидејќи тие се отфрлени од страна на повеќето граѓани во западните земји.
Путин во разговор со „Фајненшал тајмс“ изјави дека германската канцеларка Ангела Меркел направила кардинална грешка залагајќи се за либерална политика кон имиграцијата од Блискиот Исток.
„Либералната идеја е веќе застарена. Таа дојде во конфликт со интересите на огромно мнозинство од населението“, смета тој.
Путин изјави дека Русија не е хомофобична земја, но дека подготвеноста на Западот да ја прифати хомосексуалноста и родовата неутралност му се чини претерана.
„Традиционалните вредности се постабилни и поважни за милиони луѓе од таа либерална идеја која, според мое мислење, всушност исчезнува“.
Путин, исто така, рече дека има впечаток оти либералните кругови се обидуваат да ги искористат проблемите низ кои минува Католичката црква со цел да ја уништат.