Повеќе стотина пожарникари се борат веќе трет ден во регионот Каталонија со шумските пожари, а евакуирани се околу 500 лица.
Шпанија ја погоди топлотен бран, а според метеоролозите се очекуваат температури над 40 целзиусови степени, пренесе агенцијата „АП“.
Властите соопштија дека поради пожарите загрозени се 20.000 хектари.