Инфантино: Безбедноста на Мундијалот во Катар ќе биде „многу строга”

Безбедноста на претстојното Светско фудбалско првенство, на кое домаќинот Катар се очекува да прими два милиони посетители од странство, ќе биде „многу строга”, бидејќи сите навивачи ќе бидат собрани во еден град, најави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Првиот човек на светскиот фудбал ова го изјави за време на посетата на Костарика каде беше примен од шефот на државата Родриго Чавез, а присуствуваше и на финалето на Светското првенство за фудбалерки до 20 години во неделата во Сан Хозе во кое Шпанија ја совлада Јапонија со 3-1.

– Сите навивачи од целиот свет се добредојдени (во Катар) на прослава, забава и гледање натпревари, но доколку некој сака да дојде и прави неред или нешто слично секако дека не е добредојден и сите ќе бидеме многу строги, бидејќи безбедноста е на прво место, изјави Инфантино.

Катар е држава со 2.6 милиони жители, а земјата за време на Мундијалот од 21 ноември до 18 декември се очекува да ја посетат два милиони навивачи од целиот свет.

Треба да знаете
Последни објави