Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска беше извршено примопредавање на функцијата министер за животна средина и просторно планирање помеѓу досегашниот министер Садула Дураки и новоизбраниот Насер Нуредини. Со тоа, Нуредини и официјално го презема раководењето со овој сектор.
Истакнувајќи дека веќе е запознат со предизвиците, тековните и идни проекти на Министерството за животна средина, новоименуваниот прв човек во животната средина Нуредини пред вработените ја потврди својата заложба со поддршка на стручните кадри од Министерството да продолжи да ги спроведува добрите политиките во животната средина и просторното планирање.
Министерот Нуредини навести поголема отвореност за соработка и максимално заложба за обезбедување на здрава и чиста животна средина во интерес на сите граѓани во Република Северна Македонија.