Францускиот фудбалер од редовите на Јувентус, Пол Погба поминал низ вистинска драма во март годинава, па конечно откри во јавност дека бил киднапиран од двајца мажи кои му се заканувале со пушки и го киднапирале, по што се обиделе да изнудат 13 милиони евра.
Погба тврди дека тоа го организирал неговиот брат Матијас во соработка со неговите пријатели и целта им била да добијат 13 милиони евра, а француската полиција веќе е запознаена со случајот и почна голема истрага.
Матијас претходно ги изненади сите кога кажа дека наскоро ќе објави информации за ѕвездата на Јувентус.
„Франција, Италија, Англија и Шпанија, цела јавност заслужува да ја знае вистината. Мора да имаат информации за тоа дали Пол заслужува таква почит, наскоро ќе објавам сè“, кажа Матијас.