Напаѓачот на шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид, Карим Бензема постигна два гола на синоќешниот натпревар од 3. коло против Еспањол (3:1).
Така, сега на контото на 34-годишниот Французин има 222 гола на 417 натпревари во шпанската Ла Лига. Бензема го престигна Сезар Родригез (221 гол на 353 натпревари) и се најде на седмото место на листата на најдобри стрелци.
Следен пред Бензема е Алфредо Ди Стефано (227 гола на 329 натпревари).
Рекордер по голови во Ла Лига е поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси, кој има 474 гола на 520 натпревари.
Бензема оваа сезона одигра три натпревари во шампионатот на Шпанија, на кои постигна три гола и една асистенција.