Хаос во центарот на Белград: Автомобил влета во кафуле и покоси луѓе

Хаос во центарот на Белград: Автомобил влета во кафуле и покоси луѓе

Во улицата Страхињиќа бана во центарот на Белград вчера се случи тешка несреќа во која учествуваа повеќе автомобили, а едно од возилата се заби во тераса на кафуле, при што настрадаа гости, јавуваат српските медиуми.

Засега е познато дека во несреќата се повредени најмалку четири лица, а меѓу нив и едно дете.

Возачот на автомобил со француски таблички, кој се движел од насоката на Калемегдан, ја изгубил контролата врз возилото и удрил во паркираните автомобили, по што, како што изгледа, едно возило влетало на терасата на кафулето. Едно лице останало заглавено меѓу автомобилите и столбовите, но спасувачките служби брзо го ослободиле.

Сопственикот на еден од оштетените автомобили кажал дека во моментот на несреќата во автомобилот имало двајца мажи и дека едниот избегал.

https://www.youtube.com/watch?v=sk20n4NGZpo

Треба да знаете
Последни објави