ДЗС учествуваше на меѓународната вежба „Србија 2019″

На покана на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Дирекцијата за заштита и спасување, со тим од десет припадници, специјализирани за спасување на вода со употреба на чамци, учествуваше на меѓународната вежба во сферата на справување со вонредни ситуации „Србија 2019″.

Како што информираат од ДЗС, Вежбата се одржала на Бованско езеро, на територијата на општините Ниш и Алексинац. Покрај Северна Македонија, на истата учествувале спасувачки тимови од Руската Федерација, Босна и Херцеговина, Унгарија, Турција и Куба, како и од Србија, а имало набљудувачи и од други држави.

– Овој настан, коорганизиран од страна на МВР на Србија и Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација е уште еден показател на взаемното содејство на тимови од разни специјалности, од разни држави, кои уште еднаш покажаа дека се максимално подготвени да се справат со предизвиците, велат од ДЗС.

На Денот за високи гости, 27 јуни, од ДЗС учествувале заменик директорот Екрем Зендели и Валентина Атанасовска, раководител на Одделението за меѓународна соработка.

Вежбата завршила со свечено постројување на тимовите, на кои им се обратил и срдечно им се заблагодарил претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави