ПСЖ потпиша договор со „Најк” вреден речиси милијарда евра

ПСЖ ќе заработи речиси милијарда евра со новиот историски договор со позната компанија за производство на спортска опрема „Најк”.
Францускиот шампион потпиша нов договор со старо-новиот спонзор, кој ќе трае до 2032 година, а од него годишно ќе заработува по околу 80 милиони евра.

Со последниот договор, ПСЖ се искачи на врвот на листата на европски клубови кои најмногу заработуваат од спонзорите, а со тоа го реши и проблемот во однос на финансискиот фер-плеј.

Инаку, износот од 80 милиони евра што парискиот клуб секоја година ќе ги добива само од „Најк”, ќе му биде добредојден и на старо-новиот спортски директор Леонардо, кој ќе има пари за годинешните засилувања.

Треба да знаете
Последни објави