Алегри: Требаше да победиме, но на крајот можевме и да изгубиме

Тренерот на италијанскиот фудбалски калчолигаш Јувентус, Масимилијано Алегри жали што неговиот тим не создаде поголема предност во периодот на домимнација против Рома за која има пофалби дека е сериозен тим.

Јувентус го почна мечот против Рома, само како што поскуваше, даде гол во 80. секунда, и имаше комплетна доминација во првото полувреме, но на крајот не победи, средбта заврши 1:1.

-На крајот можевме и да загубиме мечот по тој корнер. Одигравме добро, но мора уште да напредуваме. Среќен сум со тоа што го одиграа момците, ова беше добар натпревар, Рома е одличен тим и Жозе секогаш знае како да го држи составот фокусиран. Мурињо знае како да ги чита натпреварите. Доколку не дојдете до поголемо водство кога доминирате, тогаш секогаш може да ви израмни. Имавме исклучително добро прво полувреме и требаше да водиме со повеќе голови. Потоа натпреварот се смири, не можете да очекувате дека тимот ќе доминира во текот на 90 минути, порача Алегри.

Треба да знаете
Последни објави