Баерн Минхен по трите убедливи победи на стартот од новата сезона во германската фудбалска Бундеслига, вечерва одигра само 1:1 против Борусија Менхенгладбах во рамките од на 4.коло. Маркус Тирам ги шокираше навивачите на „Алијанц арената“ во 43.минута за 0:1. Баварците се спасија од пораз во финишот од средбата благодарение на голот на Лирој Сане во 83.минута.
Баерн веќе пети натпреавр во низа неможе да ја совлада Борусија Менхенгладбах. Ова беше прв кикс на Баерн Минхен во новата сезона. Менхенгладбах останува непоразен и на четврти натпревар, со скор од две победи и две ремија.