Откако по само три кола освоија два бода во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција, Ливерпул денеска на „Енфилд“ го истури бесот во мрежата на Бормут со девет голови (9:0) ! Актуелниот шампион Манчестер сити со пресврт стигна до бодовите против Кристал Пала (4:2) благодарение на првиот хет-трик на Норвежанецот Ерлинг Браут Халанд.
Дека „црвените“ ќе го наполнат Бормут јасно беше уште по нецели шест минути кога погодија двапати, а до крајот на првиот дел веќе стигнаа до пет гола, па во вториот додадоа уште четири. По два погодија Луис Дијаз и Роберто Фирмињо, а по еден Елиот, Александер-Арнолд, Ван Дијк, Карвалјо и Мепхам (автогол).
Изненадувачки почна мечот на „Итихад“, откако Кристал Палас на полувреме имаше предност од два гола, но после еден час игра се разбудија „граѓаните“, па Халанд даде хет-трик за пресврт со голови во 62-та, 70-та и 81-та минута, а сѐ почна откако Бернардо Силва во 53-та ги врати „граѓанита“ во ихгра со првиот гол за Сити.
Челси и со десетмина го победи Лестер со 2:1 со два гола на Рахим Стерлинг во вториот дел, иако Галагер по пола час игра ги остави „сините“ на цедило.
Брајтон го победи Лидс (1:0), а Брентфорд и Евертон ремизираа (1:1).