Иран наскоро ќе ги надмине ограничувањата за збогатувањето ураниум, предвидени со нуклеарниот договор, бидејќи останатите потписници на договорот не ги исполнија барањата на Техеран за заштита од американските санкции, објави новинската агенција Фарс, цитирајќи „информиран извор”.
Ирански претставник, на средбата со другите потписници на нуклеарниот договор, претходно изјави дека европските земји понудиле премалку за време на неодамнешните преговори, во обидот да го убедат Техеран да се откаже од своите планови да ги прекрши ограничувањата наметнати со договорот, јави Ал Џезира.
-Со оглед на тоа што на состанокот на комисијата во Виена не се успеа да се исполнат барањата на Иран … решени сме да ги намалиме нашите обврски во врска со договорот. Лимитот на збогатување на 300 килограми ураниум наскоро ќе биде прекршен, изјавил изворот за агенцијата Фарс.
Договорот со Иран го потпишаа Велика Британија, Франција, Германија, САД, Кина и Русија, но Доналд Трамп го повлече САД од договорот.