Преговорите што треба да доведат до надминување на политичката пат позиција во венецуелската криза ќе продолжат следната недела, најверојатно на карипскиот остров Барбадос, јави Ал Џезира.
Преговорите меѓу претставниците на социјалистичкиот претседател на Венецуела Николас Мадуро и водачот на опозицијата Хуан Гуидо ќе продолжат следната недела, а за локацијата на преговори ќе одлучи Норвешка. Таа земја досега посредуваше меѓу венецуелската влада и опозицијата и беше домаќин на два круга преговори.
Гуаидо не верува во постигнување голем напредок во преговорите и инсистира тие да се фокусираат на одржување вонредни претседателски избори.