Мицкоски: Демантирана уште една лага на Заев, бројот на вработените во индустријата се намалува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил сподели статус каде пишува дека за една од многуте лаги на Зоран Заев пристигнал демант.

-На уште една од стотиците лаги на Зоран Заев и пристигна демантот.

Дека на лагата и се кратки нозете говорат следниве факти, имено бројот на работници во индустријата во месец Мај 2019 е за 2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година. Истото важи и за бројот на работници во индустријата за периодот од Јануари до Мај 2019 споредено со истиот период во 2018 година, имено во периодот Јануари-Мај 2019 работат во индустријата за 0,6% помалку работници отколку истиот период 2018 година.

Вистината е немилосрдна исто какви што се цунами последиците во македонската економија како резултат на политиките на сега веќе двоецот Заев-Анѓушев.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1263267827182007?__xts__%5B0%5D=68.ARDlQfGCun4vLUhhVh2KxD23K79ENoxtwi79IAWqkYGaRjMSmotBBXu3ApJgzi9PxW9sxEmbX9_xNbeTjPKIw4HjeGJFcy_vrBPoRBe-dwcROBrzuq4tTNx-jBGg1JmpzbetzD7LE0vxDJVJKSKNO7v_hYWVGZ-mxvbT81Yxzol0tyrPqvUt9-wFH_RblxYIlUsj60nAj3kYbE8tSWDzRTVrWXmuoZa5xlOvqYn0PumDUV1L1GMLjZRh-2hYHeiDxjSTvI-UQyyF6qjijz9DMg42Bm0CF-iKKv87FIO8_B8COp2fq_yAPEa3RJU72g_H1IkBl40WynFAhARPaLAKMmw_Fg&__tn__=-R

Истовремено индустриското производство во номинала пораснало во месец Мај 2019 споредено со Мај 2018 година за катастрофални 1,2% што е помалку од инфлацијата во РМ, што значи дека реалниот раст е негативен.

Катастрофата во вториот квартал од 2019 што ја најавивме продолжува со рекордно ниското ниво на реализиција на капиталните инвестиции заклучно со месец Мај 2019 година, 13,74%.

Немаат развоен концепт, немаат визија, нема структурни реформи. Планот на двоецот Заев-Анѓушев е во две генерални точки: прво, целосна окупација на министерството за финансии и второ, концепт на зголемување на задолжувањето на државата на рекордно ниво од сегашните 49% од БДП на 60% од БДП (околу 1.500.000.000 $) не за капитални инвестиции и развој туку за социјални трансфери, плати и пензии, мислејќи дека на тој начин ќе тргуваат со симпатиите на гласачите и ќе ги добијат следните парламентарни избори, истовремено потценувајќи ја колективната меморија на граѓаните за сите недела, лаги, криминал и корупција изминатиов период. Едноставно, криминалниот ум не се менува…

Доаѓа крајот на оваа антибизнис и антиреформска влада, доаѓа крајот на криминалот, корупцијата, уцените и притисоците. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ го враќа рамниот данок, поголеми плати и пензии врз основа на зголемена продуктивност и економска активност на компаниите и носи историски план за економски силен развој на Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави