Салвини: Границата со Словенија ќе ја затвориме со жичена ограда

Словенија, која долж границата со Хрватска има поставено жичени огради под изговор за борба против илегалната миграција, бурно реагира на соопштението на италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, дека границата кон соседната земја наскоро би можела да биде обвиткана во жица.

Од утре на терен треба да почнат да дејствуваат заедничките италијанско-словенечки гранични патроли, иако досега не е готова официјалната процедура за нивно формирање, објави хрватскиот „Вечерњи лист“, а пренесе „Танјуг“.

Доколку почнат со работа и во рок од три месеци, нивното делување се покаже како како неефикасно, Италија ќе постави, како што се наведува, технички препреки на границата со Словенија.

Италијанскиот министер од десничарската партија „Лига“ ја најави ваквата можност, нагласувајќи го проблемот со илегалните мигранти во регионот Фриули-Венеција Џулија, на северот од земјата.

Словенија е незадоволна од ставовите и на уште еден свој сосед, Австрија, која уште во време на миграциската криза воведе гранични контроли и на тој начин го суспендираше шенгенот.

Треба да знаете
Последни објави