Во Делчево утре од 05:30 часот ќе се врши дератизација на канализациската мрежа на територија на општината. Покрај канализациската мрежа во градот, ќе бидат третирани и мрежите во селата Разловци, Тработивиште и Град.
Од општината информираат дека мерката е предвидена согласно Годишната програма за заштита на населението од заразни болести и други заболувања.
– Акцијата ќе ја спроведат стручни екипи од јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје” Кочани, ПЕ Делчево, јавното претпријатие „Брегалница”, како и вработени во Одделението за инспекциски надзор при општината, велат од општината, додавајќи дека ќе се користат средства наменети за ваков вид на активности.
Согласно планираното, во текот на јули во Делчево планирано е и теристичко прскање против комарци.