Шарл Леклер повторно се размина за влакно со својата прва победа, откако беше надминат од Макс Верстапен во претпоследната обиколка за ГН на Австрија.
Откако ја освои убедливо пол-позицијата во саботата, пилотот на Ферари водеше самоуверено во трката речиси до финалето. Неговиот 21-годишен врсник од Ред Бул, исто му помогна да биде непречен во скоро целото натпреварување, откако стартуваше многу лошо и се спушти неколку позиции назад.
Битката меѓу Шарл и Макс на крајот сепак беше исклучително контроверзна, откако Холанѓанецот успеа да го надмине Французинот по контакт меѓу двајцата.
За Леклер, сепак, маневрот на Верстапен при неговото надминување не бил правилен.
– Ќе оставам стјуардите да решат, но за мене е јасно. Не знам како изгледало отстрана, ќе видам. Јас бев од надворешната страна, исто како и во претходната обиколка, кога беше добро, бидејќи тој остави доволно простор за излез од свиокот. Но во следната обиколка тој не го направи тоа, се допревме и морав да излезам од патеката. Потоа веќе немав шанса да се вратам, па затоа е многу жално. Генерално, трката беше добра, иако на крајот имав малку повеќе деградација на гумите отколку што очекувавме, изјави Леклер по трката.