За 24 часа избија 8 пожари во Црна Гора

Во последните 24 часа, црногорските пожарникари имале осум интервенции за гасење на пожари на отворен простор каде гореле трева и нискостеблести растенија.

Од подгоричката служба за заштита и спасување соопштија дека пожарникарите со голем напор синоќа го изгасиле пожарот кај Понор, кој најверојатно бил намерно предизвикан, пренесе „Вијести“.

„Со оглед на тоа дека имаше силен ветер, огнот брзо се ширеше, а пожарот беше изгаснат околу полноќ. Утврдено е дека пожарот настанал на 50 метри од патот кон брдото и судејќи по сѐ бил намерно предизвикан, за што е информирана полицијата и ќе биде покрената постапка“, наведуваат од Службата за заштита и спасување.

Треба да знаете
Последни објави