Силите на Хафтар: Уништивме турски дрон во Триполи, уапсивме и двајца Турци

Меѓународно непризнаените сили на командантот Калифа Хафтар во Либија соопштија дека уништиле турски дрон на аеродромот во Триполи, а уапсиле и турски државјани на северот во Либија.

Силите на Хафтар велат дека дронот бил уништен во воздушен напад, со цел да ја казнат Турција за нејзината поддршка кон ривалската меѓународно призната влада во Триполи, пренесе „Ројтерс“.

Силите на Хафтар соопштија и дека уапсиле двајца турски државјани во северниот град Ајдабија.

Турција претходно ги обвини силите на Хафтар дека уапсени се шест турски државјани и се закани дека војската на Хафтар ќе стане легитимна мета на Анкара доколку итно не бидат ослободени уапсените Турци.

„Ројтерс“ потсетува дека либиската национална армија на Хафтар на 4 април почнала кампања со цел да ја освои либиската престолнина, но во тоа биле спречени од страна на владините сили со поддршка на Турција.

Треба да знаете
Последни објави