Осум патници извисиле поради двојни билети на „Визер“
Осум патници извисиле на саботниот лет од Берлин за Скопје. Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ на патнициte со регуларни резервации им рекла дека не може да влезат во авионот затоа што нема место. А меѓу осумтемина имало и лица со дипломатски пасоши пишува независен.мк.
„На аеродромот ‘Шенефелд’ имаа проблем мојата сопруга, која има дипломатски пасош, една нејзина колешка и уште шестмина други патници. И ова не е прв пат. Осум патници со регуларно платени билети се покажа дека се вишок. Зошто? Затоа што ‘Визер’ имал политика да им откажува на тие што се чекираат последни, во случај кога сите што купиле карта ќе се пријават на летот“, вели сопругот на една патничка.
Патничката го чекирала билетот во петокот, но авионот на саботниот лет бил преполн. Била заедно со ќерката и сопругот. На ќерката, која имала резервација уште од Скопје, ѝ рекле дека е на списокот на патници и ѝ дозволиле да влезе во авион, но на неговата сопруга не. Исто како и на нејзината колешка.
Повеќе од текстот на следниот ЛИНК