Наполи го купи Костас Манолас за 36 милиони

Грчкиот стопер Костас Манолас беше во радарот на неколку тимови од Серија А, но реши да ја одбие понудата од Милан и да потпише за Наполи. Неговиот трансфер е вреден 36 милиони евра.

 

Всушност, Наполи ќе плати 23 милиони евра и во спротивен правец го испраќа играчот од средниот ред Амаду Диавара, кој е проценет на 13 милиони евра.

Костас Манолас во изминатите неколку години беше предмет на интерес кај неколку богати европски клубови, кои сакаа да го видат грчкиот стопер во нивните редови. Сепак, тој потпиша петгодишен договор со Наполи, со кој ќе заработува 3,5 милиони евра годишно. Заедно со Калиду Кулибали, сега Наполи може да се пофали дека има еден од најдобрите дефанзивни тандеми во фудбалска Европа.

Манолас се прослави во минатогодишното издание на Лигата на шампионите, кога беше клучен играч и иницијатор на пресвртот на Рома над Барселона.

Тој ја започна кариерата во Трасивулос, пред да заигра за грчкиот гигант АЕК, а потоа и во Олимпијакос. Надвор од Грција досега играше само за Рома, за која одигра повеќе од 200 натпревари.

Од 2013 година Манолас е стандарден репрезентативец на Грција и досега настапи на 40 натпревари за националниот тим.

Треба да знаете
Последни објави