НБС: Дијаспората за првите четири месеци внесе милијарда евра во Србија

За првите четири месеци од оваа година, дијаспората во Србија внесе повеќе од една милијарда евра, што е за два проценти повеќе во однос на истиот период од 2018 година.

Имајќи предвид дека следат годишни одмори и дека голем број граѓани на Србија кои работат во странство доаѓаат во татковината,  тоа значи дека годинава девизните дознаки од странство можат да надминат 3,4 милијарди евра, колку што изнесуваа во 2018 година, објавија белградските медиуми.

Според Народната банка во Србија, најголем процент на дознаки во евра, околу 80 отсто, доаѓа од земјите во кои живее и работи голем дел од српската дијаспора, пред се од Германија, Швајцарија, Австрија и Франција.

Како што велат во НБС, просечниот износ на дознаки се разликува во зависност од дестинацијата и начинот на нивното праќање. Преку брз трансфер на парите просечниот износ се движеше околу 260 евра во 2018 година, додека преку банкарска сметка е поголем и се движи околу 2.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави