Раководството на Атлетико Мадрид сака да ја намали сумата што ја издвојува за плати на своите играчи. За таа цел, мадридскиот клуб побара петмина фудбалери да се согласат на намалување на платите.
На барањето на управата позитивно одговорија Јан Облак и Том Лемар, додека Антоан Гризман, Жоао Феликс и Коке се чекаат да кажат дали ќе направат отстапки иако и тие дале позитивни сигнали.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне пред два дена изрази уверување дека тимот ќе остане со сегашните фудбалери, или при евентуално заминување на некој играч да се најде соодветна замена за таа позиција.
Атлетико по првите две кола во Ла лига има освоено три бода и се наоѓа на 8. место.