Екологистите отстранија повеќе од 40 тони ѓубре од Тихиот Океан

Групата од институтот „Ocean Voyages“, која го чистеше Тихиот Океан, вели дека ова досега е „најголема и најуспешна акција на чистење на океан”, пишува „Си-ен-ен“.

Областа помеѓу Хаваи и Калифорнија е место на најголема концентрација на лебдечки отпад во светот.

Користејќи модерна технологија како што се сателити и беспилотни летала, оваа група отстрани разни видови ѓубре како што се шишиња за детергент, пластичен мебел и детски играчки од Тихиот Океан. Исто така, е собрана опрема за риболов или мрежи, од кои една тежеше 5 тони, а другата 8.

Количината на извадениот отпад е еднаква на тежината на околу 24 автомобили или пак 6,5 возрасни слонови.

Треба да знаете
Последни објави