Германија и Италија ќе ја тужат Австрија поради затворањето на патиштата во Тирол

Германија и Италија подготвуваат заедничка тужба против Австрија поради затворање на државните и локалните патишта за транзитен сообраќај во сојузната покраина Тирол.

Германскиот министер за сообраќај, Андреас Шеуер, рекол поради блокадата на Тирол во голема мера е оневозможен слободниот сообраќај во Европа и тоа е против законите на Европската Унија.

„Моето министерство подготвува тужба против Австрија, а и Италија ќе постапи на ист начин“, рекол тој.

Европската комисија во саботата најави дека ги повикала спротивставените страни на разговор во Брисел.

Комесарката за транспорт, Виолета Булц, рекла дека владите на Германија, Италија и Австрија треба заеднички да работат на решавање на проблемот.

Премиерот на Тирол, Гунтер Платер, најавил дека неговата покраина нема да се откаже од мерката која, како што кажал, би требало да ги растовари транзитните рути од Германија кон Италија, а кои водат низ таа австриска сојузна покраина.

Тирол во текот на летото воведе мерки со кои на возачите на приватни автомобили им е забрането користење на државните и локалните патишта. Тоа значи дека во случај на застој, возачите не смеат од автопат да преминат на локалните патишта со цел да го заобиколат метежот.

Треба да знаете
Последни објави