Maкрон: Одбивам прием на нови членки во ЕУ додека не се реформираме ние внатре

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го критикуваше отсуството на договор во рамки на ЕУ за распределбата на водечките функции во Унијата и повторно повика на институционални реформи во Унијата.

„Мораме да ги поедноставиме процедурите за да бидеме побрзи, посилни и заедно да напредуваме. Во таа смисла скептичен сум во врска со приказните за тоа дека иднината на ЕУ е во нејзиното проширување, во ситуација кога гледаме дека ние 28 не можеме да се договориме. Го одбивам секое проширување пред да биде спроведена длабока институционална реформа во ЕУ“, порача Макрон.

Тој по маратонските разговори за именувањето на првите луѓе во ЕУ изјави дека неможноста да биде постигнат договор помеѓу земјите-членки го доведува под прашање кредибилитетот на Унијата и дава лоша слика за Европа.

Треба да знаете
Последни објави