Тен Хаг: Роналдо има иднина во Манчестер јунајтед

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави денеска оти португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо „сè уште има иднина” во клубот од „Олд Трафорд”, пренесуваат британските медиуми.

Јунајтед синоќа го совлада Ливерпул со 2-1 во натпревар од третото коло во Премиер лигата, а Роналдо влезе во игра дури во финишот на натпреварот.

– Мислам дека Роналдо може да се приспособи на мојот стил на игра. Играше во кариерата со многу тренери и секогаш успеваше да се адаптира. Зошто тоа не би го направил и сега? Верувам дека Роналдо има иднина во овој клуб”, изјави Тен Хаг.

– Неговите години не претставуваат проблем, додаде холандскиот тренер говорејќи за клупскиот статус на 37-годишниот Роналдо, кој има договор со Јунајтед до јуни идната година.

Треба да знаете
Последни објави