Умтити ќе игра за Лече, а плата ќе зема во Барселона

Барселона и Лече се во последната рунда преговори за позајмица на Самуел Умтити. Според медиумите ова повеќе наликува на подарок отколку на класична позајмица.

Неверојатно звучи информацијата дека договорот предвидува Французинот да игра за Лече, а платата да ја зема во Барселона.

Се поставува логично прашање зошто Барса би испратила играч било каде, ако продолжат да му плаќаат исто како да е таму, но суштината на позајмицата е дека само Лече покажа интерес за светскиот првак со Франција.
Лече на Барселона ќе и плаќа според учинокот што ќе го има Умтити, односно според минутите што ќе ги мине на теренот. Во превод, Каталонците ќе заштедат малку пари кога ќе Умтити ќе игра за Лече. Не е познато за колкава сума станува збор.

Инаку, каталонските медиуми пишуваат дека Барса стравува дека ќе мора вака да му плаќа на Умтити до истекот на договорот во 2026 година.

Да потсетиме, минатата зима, Барселона му го обнови договорот на Умтити според кој доби продолжена соработка, поточно парите што требаше да ги заработи до 2023 година ќе ги добива преку плати до 2026 .

Треба да знаете
Последни објави