Тој беше заедно со познатата манекенка Катерина Ивановски и беше меѓу највеселите на забавата, ако се суди според видеата и фотографиите кои се појавија во српските медиуми. Шоуто, сепак, го „украде“ најдобриот кошаркар во НБА во последните две години, Никола Јокиќ, кој буквално лудуваше, танцувајќи со кабаре-девојките и пиејќи шампањско од огромно шише.
Веднаш зад него со привлекувањето внимание беше и огромниот Бобан Марјановиќ, кој заедно со Јокиќ доминираше во ноќниот клуб.