Каталонскиот сепаратистички лидер Карлес Пучдемон не доби дозвола од Судот на ЕУ да заземе место на европратеник.
Судот во Луксембург отфрли барање на Пучдемон и на поранешниот регионален министер за здравство на Каталонија, Антони Комин да заземат места во Европарламентот.
Одлуката е донесена еден ден пред почетокот на конститутивната сесија на новиот Европарламент во Стразбур. Двајцата каталонски политичари беа избрани за европратеници на изборите во мај. Шпанија против нив издаде потерници за апсење и тие живеат во егзил во Белгија.