Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е осуден на 10 дена затвор. Ваква одлука донесе московскиот суд, кој го прогласи за виновен за кршење на законот при учеството во уличните демонстрации кои се случија минатиот месец. Навални беше меѓу повеќе од 500 демонстранти кои полицијата ги приведе во Москва и кои бараа казни за полицајците кои учествуваа во апсењето на истражувачкиот новинар Иван Голунов. Голунов беше уапсен на почетокот на јуни поради, како што се тврдеше, обид за трговија со дрога. Ослободен е по неколку дена, откако обвинувањата против него беа отфрлени поради немање докази.