Тамара Тодевска на 27 јули ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид.
„Како локација го избравме охридскиот Антички театар затоа што е единствен уникатен простор во којшто сите концерти кои сме ги правеле таму, биле навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите. Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почеток па се` до извонредните настапи со ‘Proud’ околу финалето и во финалето на овогодишната Евровизија“, велат од Авалон Продукција.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре, 3 јули, во 09 часот наутро онлајн и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија по цени од 500, 600 и 700 денари.