Лицата родени во овие три хороскопски знаци не толерираат ништо друго освен вистинска почит.
Тие никогаш не се задоволуваат со нешто помалку отколку што заслужуваат и настојуваат тоа да им го дадат до знаење на луѓето во својата околина. Воглавно се многу успешни луѓе бидејќи не се потчинуваат никому и знаат како да го покажат тоа.
Oвен
Овните имаат исклучително моќен карактер кој многумина го сметаат за застрашувачки, па кон нив се однесуваат со стравопочит. Никогаш нема да направат нешто против сопствената волја и тоа јасно ќе ви го дадат до знаење.
Близнаци
Поради својата отвореност и интелигенција, Близнаците многу брзо ја заработуваат почитта од луѓето во својата околина. Тие не се плашат да кажат што мислат и аргументирано ќе побијат сè за кое сметаат дека не е вистина, поради што многумина им се воодушевуваат.
Шкорпија
Шкорпиите исто така секогаш многу јасно ќе ви кажат што мислат. И додека многумина ги сметаат за дрски, тие едноставно го почитуваат својот став и сметаат дека сите имаат право да го кажат она што го мислат. Многу се интелигентни и лукави, па манипулацијата со другите луѓе исто така им оди многу добро.