СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите што ги шири! 

Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што тој и ВМРО-ДПМНЕ ги шират. Последна лага од кујната за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ е сценариото за јавната набавка за М-Нав која денеска падна во вода.

Мицкоски уште еднаш потврди дека освен одбрана на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски и ширење лажни вести, не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за лажни вести, измислици и невистини на штета на државата, граѓаните и нивните интереси.

Треба да знаете
Последни објави