Најмалку едно лице загина, а 16 лица се повредени во пожар на танкерот „Синзанија”, кој плови под италијанско знаме, во турското пристаниште Алиага, во западната провинција Измир, објави петрохемиската компанија „Петким“, пренесува „Спутник“.
„На терминалот на ‘Петким’ во понеделникот вечерта околу 23:20 часот избувна пожар од непознати причини додека италијанскиот брод ‘Синзанија’ полнеше течни јаглеводороди. Пожарот брзо беше изгаснат. Најмалку 16 лица беа повредени, а еден почина во болница”, се вели во соопштението.
SON HABER | İzmir'in Aliağa ilçesinde, limanda demirli bir gemide patlamanın ardından yangın çıktı. Yangına müdahale ve söndürme çalışmaları devam ediyor. pic.twitter.com/Ftq4n5LAtD
— Kamil Eryazar (@FarkliBirBakis_) July 1, 2019