Сесијата на ОПЕК заврши, а нејзините земји-членки се согласија за продолжување на договорот за намалување на производството на нафта за девет месеци почнувајќи од јули, изјави министерот за енергија и индустрија на Обединетите Арапски Емирати, Сухаил Ал Мазуи, во понеделникот, пренесува ТАСС.
Земјите-членки на ОПЕК разговараа за прашањето на намалување на производството на нафта на седницата на 1 јули. Пред состанокот, министерскиот мониторинг комитет препорача да се продолжи договорот уште девет месеци до март 2020.
Денес својата одлука ќе ја донесат земјите кои не се членки на ОПЕК, а учествуваат во договорот.
Во првата половина на 2019 година, земјите од ОПЕК го намалија производството за 1,95 милиони барели дневно, додека планот беше 1,2 милиони барели дневно. Договорот истече на 30 јуни.