Популарно нареченото ,,Одделение за школарци” се урива, а по завршување на уривањето и расчистувањето на теренот од градежниот шут ќе се започне со оплеменување на просторот и негова пренамена во шеталиште на кое ќе рекреираат и шетаат осудените лица од затвореното одделение во Идризово.
Како што соопшти Управата за извршување на санкциите акцијата за уривање на најруинираниот објект на стариот дел на Казнено-поправниот дом Идризово почнала на 28 јуни.
Осудените лица кои до 2018 година престојуваа во објектите кои сега се уриваат, се преместени во новите одделенија кои се изградени и пуштени во употреба во јули минатата година 2018 година, а се наменети за осудените лица кои се со полуотворен или отворен третман во процесот на ресоцијализација.
-Со наведената активност се решава уште еден проблем од мнозинството проблеми наследени од периодот пред 2017 година и им се овозможува на осудените лица во КПД Идризово казната затвор да ја издржуваат во похумани услови и простор кој е изграден во согласност со европските стандарди, се наведува во соопштението на Управата.