На 01.07.2019 година во 19.10 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Маџари и железничката станица Илинден се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Табановце, управуван од В.Б.(35) од Скопје и патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.Б.(41) од Скопје.
Во незгодата била причинета материјална штета, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.