На 02.07.2019 година околу 06.05 часот во Полициската станица Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Ш.Ј.(42).
По преземени мерки било констатирано дека тој бил повреден од страна на Р.Н. во угостителски објект во село Неготино, гостиварско.
Жената била приведена и задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.