За да помогнат во чистењето на морињата околу Грција, на рибарите им се плаќа 200 евра месечно за да го рециклираат отпадот од нивните мрежи, чија количчина се повеќе се зголемува.
Затоа, една нова грчка компанија, наречена „Еналеја“ прави напори за воведување на поодржлив начин на риболов со помош на грчки и странски донатори. Минатата година, основачот на компанијата Лефтерис Арапакис и неговиот тим започнаа амбициозна програма со грчките рибари на кои им нудат финансиски олеснувања за да го чуваат отпадот што ќе го најдат во нивните мрежи, наместо да го фрлаат назад во морето, со цел истиот да биде рециклиран подоцна.
„Отстранивме лименка Кока-кола со многу чудна боја. Ја зедов и видов дека рокот ѝ истекол во 1987 година. Ова нешто било во морето 30 години. Ова беше првото нешто што ме шокираше. Втората работа беше што гледав како еден рибар ја фрла назад во морето. Тој ми кажа дека не е платен да го собира отпадот, туку да лови риба“.
По само неколку месеци, многу рибари веќе ги промениле своите навики, тврди Арипакис.
Тони од пластичен отпад и мрежи се отстрануваат од грчките мориња секој месец. „Еналеја“ исто така има план да ги рециклира истите.
„Мрежи, јажиња и многу повеќе се праќаат во странство каде што ги рециклираат и ги претвораат во чорапи, костими за капење и други корисни работи. Пластиката, лименките и другиот отпад се ставаат на лента за рециклирање што ја создадовме со сертифицирана компанија“, додаде Арапакис