Адеми-Жбогар: ЕУ ги поддржува реформските процеси во полето на образованието

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија Самуел Жбогар, на која било разговарано за законските измени и образовни политики на Владата.

Адеми, информираат од неговиот кабинет, го запознал евроамбасадорот со измените на Законот за основното образование и Законот за натсавници и стручни соработници за политиките кои ги креира Министерството за образование и наука за периодот кој претстои, како и за приближување на македонскиот образовен систем кон системот на образование во Европската Унија.

Евроамбасадорот Жбогар, истакнал дека Унијата ги поддржува реформските процеси кои ги презема Владата на Република Северна Македонија во полето на образованието, напоменувајќи дека тие се вистински партнер на земјава во нејзините евроатлантски аспирации.

Треба да знаете
Последни објави