Путин откажа учество на форум за да се сретне со Шојгу

Рускиот претседател Владимир Путин го откажа учеството на форумот „Реките на Русија”, за да одржи состанок со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, откако 14 морнари загинаа во пожар  во воена подморница.

Песков не прецизираше што е поводот за состанокот, но рече дека ќе биде одржан „наскоро”.

Според него, наместо Путин, на форумот ќе говори заменик премиерката Олга Голодец.

Треба да знаете
Последни објави