Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска неочеувано откажа планиран настан во Њу Хемпшир и се врати во Белата куќа.
Официјални претставници на Белата куќа не ги открија причините поради кои Пенс го откажал патувањето, но неколку пати повторија дека „нема причини за тревога”.
– Тоа нема врска со неговото здравје, ниту станува збор за нешто што е поврзано со националната безбедност, рече висок функционер од Белата куќа.
Портпаролката на Пенс, Алиша Фара објасни дека „излегло нешто што барало негово присуство во Вашингтон”.
– Нема причини за тревога. Потпретседателот едвај чека да отпатува во Њу Хемпшир, напиша Фара на Твитер.