Трансферот на Нејмар во Барселона може да биде од големо значење за кариерата на Бразилецот, а причината е дека тој веќе не чувствува задоволство кога ќе излезе на теренот.
Ова е мислењето на неговиот поранешен соиграч во репрезентацијата, Зе Роберто, кој даде интересен коментар на ситуацијата околу големата ѕвезда на „селесао”.
– Повредите не му помагаат, но тој не е фокусиран на 100 отсто на играта. Тој ја губи радоста од фудбалот и ако продолжи така, тој нема да игра ниту до 30 години. Парите и искушенијата секогаш постоеле во фудбалот, но Кристијано и Меси, гледате и сами, живеаат на поинаков начин, вели Зе Роберто.
Тој исто така рече дека наскоро Нејмар ќе го пропушти моментот, во кој ќе може да се докаже како лидер.
– Нејмар треба радикално да ги промени работите, тој мора да реализира голови, Дали ќе се врати во Барселона се уште не е јасно, но е многу блиску до тоа да го испушти идеалниот момент да направи чекор напред и да ја преземе улогата на лидер. Тој е голе талент, и треба да го искористи тоа, рече поранешниот репрезентативец.