Страшно злосторство во Србија: Кристина ја убила свекрвата, па насмеана си ги шетала децата
31-годишната Кристина Кулчар ја измасакрирала мајката на својот сопруг, 59-годишната Ибоја Варга во дворот од нивната куќа, па со насмевка на лицето ги шетала децата по селото.
Стравичното злосторство ги потресе вчера селаните во Полјаница, кога Кристина во шестиот месец од бременоста, ѕверски ја убила својата свеклрва во дворот од нивната куќа.
Монструозното злосторство се случило после кавгата меѓу снаата и свекрвата.
Кристина на Ибоја најпрво ѝ зарила нож во грбот. Ранетата Ибоја се обидувала да избега на улица во потрага по помош, но снаата ја стигнала и ја докрајчила со вила, пишува Курир.рс
Золтан Варга, син на убиената Ибоја и сопруг на уапсената Кристина, вели дека не може да верува што го снашло. Како што вели, дека нешто лошо се случило во неговата куќа го известила пријателката на неговата мајка додека бил на работа.
-На игралиштето кое се наоѓа недалеку од нашата куќа ја сретнав Кристина со нашите синови, кои имаат 2 и 4 години. Ја прашав што направила. Само се насмевна и кажа: „Ја уби9в твојата мајка“. Ѝ ги земав децата и ѝ реков дека не вреди да бега. Тогаш дојде полицијата и ѝ стави лисици – вели тој за Курир.рс
Несреќниот човек вели дека пред злосторството ништо не укажувало дека ќе се случи хорор. Пред да замине на работа, тие две разговарале заедно и пиеле кафе, па се сложиле и заеднички за ручекот за тој ден. Тој додал дека неговата сопруга имала психички тегоби:
-Три пати лежеше на невропсихијатрија во Нови Сад, а се лекуваше и во Специјална болница за психијатриски болести. Таму престојуваше 6 месеци. Кога од болницата бараа да потпишам за да ја пуштат, одбив, велејќи дека не сакам да одговарам за неа, затоа што повеќе пати беше агресивна. Меѓутоа, нејзините родители дадоа согласност во болницата – рекол Золтан