Американскиот претседател Доналд Трамп има поддршка од 35 отсто избирачи што е рекордно ниско ниво на поддршка за некој претседател на САД на истекот од првата година од мандатот.
Тоа се наведува во најнова анкета на Си-Ен-Ен, а резултатот од 35 отсто поддршка е најнизок рејтинг на Трамп за 11 месеци од преземањето функција во анкети на тој медиум.
Работата на Трамп како претседател не ја одобруваат 59 отсто испитаници.
Ниту еден американски претседател пред Трамп се до Двајт Ајзенхауер од 50-те години кога е почнато мерење, немал во декември од првата година од мандатот поддршка помала од 49 отсто избирачи.