(Видео) Насилни протести во Израел откако полицијата уби етиопски еврејски тинејџер

Околу 47 полицајци се повредени, а 60 лица се уапсени по серијата протести низ Израел поради убиството на 18-годишниот етиопски Евреин Соломон Тека, пренесува РТ.

Демонстрантите подигнаа барикади и се судрија со полицијата во северниот град Хаифа во понеделникот и вторникот, по смртта на Тека во Киријат Хаим доцна во неделата.

Толпи етиопски Израелци ги блокираа крстосниците низ целата земја откако еден полицаец, кој не бил на должност, го убил тинејџерот.

Полицаецот вели дека се исплашил за својот живот кога група млади, во која бил и Тека, го нападнале со камења откако се обидел да интервенира во кавга. Полицаецот е ставен во домашен притвор и истрагата за инцидентот е во тек.

„Не е инцидент, тоа е убиство. Не може да убиете човек до неговиот дом и да го наречете тоа инцидент. Што е тоа? Несреќа на работа? Да не го прегазил автомобил?”, изјави братот на Тека, Амир, во интервјуто за „Ал Џезира“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видеоодговор на насилните судири доцна во вторникот, велејќи дека сите жалат за трагичната смрт на Соломон Тека и го замоли народот да не ги ескалира тензиите.

Етиопската еврејска заедница брои околу 140.000 припадници, вклучувајќи повеќе од 50.000 доселеници. Тие се жалат на системско вознемирување и расизам од формирањето во Израел во 1980-тите и 1990-тите години по бранот Евреи што се доселија во Израел од целиот свет.

Треба да знаете
Последни објави