Денеска на отвореното ракометно игралиште крај женската плажа во Струга ќе се играат натпреварите од 2. коло во групите од 50. јубилејно издание на меѓународниот турнир.
Бранителот на трофејот, македонскиот првак Вардар по потешко извојуваната победа на стартот против Алкалоид, продолжува со одбраната на против градскиот ривал Бутел, кој беше поразен во 1. коло од групата од словенечкиот Целје.
Алкалоид ќе игра против словенечкиот првак, а грчкиот АЕК Атина ќе игра против словачкиот шампион Татран Прешов.
Двојки за денеска: Алкалоид – Целје (17.15 ч.), АЕК Атина – Татран Прешов (19.15 ч.), Вардар – Бутел (21.15 ч.).