Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со папата Франциск, само еден ден пред католичките лидери од Украина да допатуваат во Ватикан на разговори за кризата во нивната земја и откако излегоа тврдења дека неговата посета на Светата столица може да биде вовед во возвратна посета на папата на Русија, јавија западните медиуми.
Путин, кој претходно веќе два пати се сретна со папата Франциск, во Ватикан пристигна на почетокот на 10-часовната посета на Италија во текот на која ќе разговара и со италијанскиот премиер Џузепе Конте.
Неговиот црн автомобил во Ватикан пристигна со задоцнување од 50 минути. Западните медиуми потсетуиваат дека тој исто така доцнеше 50 минути и при неговата прва средба со папата во 2013 година, а повеќе од еден час на втората средба во 2015 година.
Главна тема на разговорите меѓу Ватикан и Русија во папската библиотела во ватиканската Апостолска палата треба да биде Украина.